Матео, синот на фудбалерот Илија Несторовски, наполни 4 години. Забавата ја направи во игротека во Италија, а потоа објави неколку фотки на социјалните мрежи и му го честита роденденот. Лани, во време на пандемијата, фудбалерот и неговото семејство родендените ги славеа дома во изолација, па пова им е првата журка што ја правта за да прослават
Несторовски, често објавува семејни слики и вели дека сопругата Мартина и децата му се најголемата поддршка. Освен Матео, тој ја има и ќерката Ирина.
За потсетување, Илија остана во Италија поради повредата на коленото и нема да игра на Европското првенство што почнува следната недела.