Далиќ победата му ја посвети на Чиро Блажевиќ: Шефе, вие секогаш ќе останете тренер на сите тренери

Далиќ победата му ја посвети на Чиро Блажевиќ: Шефе, вие секогаш ќе останете тренер на сите тренери

пред 1 година

Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар. Избраниците на Златко Далиќ ја освоија бронзата откако го совладаа Мароко со 2:1.

„Ова е бронза со златен сјај. Беше тежок натпревар и ова е медал за целиот хрватски народ, за сите кои навиваат за нас. За две години освоивме два медали. Би сакал да му ја посветам победата на Чиро Блажевиќ, човекот кој го започна сето ова. Шефе, ова е за вас, можам да освојам пет медали, но вие секогаш ќе останете тренер на сите тренери“, рече  Златко Далиќ за ХРТ.

Тој вели дека речиси никој не очекувал Хрватска да заврши на трето место.

„Малкумина го очекуваа ова од нас. Секоја чест за момците, тие работеа напорно и играа за овој голем резултат. Освоивме бронзен медал на ваков натпревар, тоа е фантастично. Денеска играа сите што беа здрави. Зијеш не можеше да биде во чекор со Перишиќ, а Оршиќ им направи многу проблеми“, истакна селекторот на Хрватска по натпреварот.

Share
Scroll to Top