(Фото) Засекогаш ми го смени животот: Викторија Бекам со емоции за синот Бруклин

(Фото) Засекогаш ми го смени животот: Викторија Бекам со емоции за синот Бруклин

пред 4 години

Модната дизајнерка Викторија Бекам со емотивна порака и црно-бела слика му го честиташе 22. роденден на синот Бруклин. Таа вели дека е горда на него и сè што направил.

„Пред 22 години, нашите животи се променија засекогаш. Најљубезна, најубава душа. Неверојатен син, брат и свршеник. Среќен роденден Бруклин. Те сакаме и сме многу горди на тебе затоа што стана добар човек“, напиша Викторија.

Лани, на 21. роденден на Бруклин, кога стануваше полнолетен, Викторија и Дејвид Бекам му организираа голема, гламурозна прослава, која чинела 115.000 евра. Журката се одржа на семејниот имот на Бекамови, а меѓу гостите беа Кара Делавин, Елтон Џон и Гај Ричи.

Share
Scroll to Top