(Фото) Заслепена од убост, Атиџе повторно се вљуби во Истанбул: Хероината на медена земја на одмор во Турција

(Фото) Заслепена од убост, Атиџе повторно се вљуби во Истанбул: Хероината на медена земја на одмор во Турција

пред 3 години

Македонската пејачка и водителка Сузана Турунџиева и хероината Атиџе Муратова од документарецот „Медена земја“ моментално се на одмор во Истанбул, Турција.

Веста ја сподели Сузе на својот Фејсбук профил.

„Заслепени од убавината на најновата, најголемата и највисоката џамија која се гледа од сите страни на Истанбул“, напиша таа во својата објава.

Атиџе последен пат била во 1994 година со покојниот татко и отсекогаш имала желба повторно да го посети.

Сузе изминава година постојано ѝ подготувува пријатни изненадувања на Атиџе, меѓу кои прославата за нејзиниот родеден и заедничкиот спот за песната „Од Бекирлија до Битола“. Таа во интервју за „Репортер“ зборуваше за нивното пријателство.

„Пријателството со Атиџе постои од денот кога јас и моите пријатели ја посетивме во Бекирлија. Тоа беше некаде на почетокот на септември минатата година. Всушност, за тој ден сонував од тогаш кога првпат го изгледав документарецот ‘Медена земја’. Емоцијата што тој ден ми се разбуди гледајќи ја неа, толку посебна и несекојдневна, а толку своја, ќе ја паметам додека сум жива. Откако го изгледав еднаш филмот, ги одложив сите обврски и го вратив уште 2-3 пати од почеток анализирајќи ги секој детаљ, сцена, секој збор и поглед на Атиџе. Ја исплакав тивко во себе, си ја сместив во срцето и си ветив дека ако еден ден имам можност да ја сретнам, ќе направам сè за да ѝ го разубавам животот“, раскажува Турунџева за „Репортер“.

„Тивко ја исплакав, ја сместив во срцето и си ветив дека ќе ѝ го разубавам животот“- Сузана Турунџиева за пријателството со Атиџе

Share
Scroll to Top