(Фото) Извршителите не можеле да му ги запленат работите на Аца Лукас, затоа што живеел во луксузниот пентхаус на Саша Поповиќ

(Фото) Извршителите не можеле да му ги запленат работите на Аца Лукас, затоа што живеел во луксузниот пентхаус на Саша Поповиќ

пред 4 години

Извршителите не можеле да му ги запленат работите на фолк-пејачот Аца Лукас, затоа што тој живеел во станот на директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, пренесуваат српските медиуми.

Фолкерот веќе од поодамна живее во луксузниот пентхаус на Поповиќ, кој се наоѓа спроти елитен хотел во Белград. Лукас неодамна се најде среде скандал, поради наводен долг кон бизнисменот Дејан Поповиќ Тигар.

Кога извршителите пристигнале да му го запленат имотот и да ја испочитуваат судската наредба, тие утврдиле дека тој живее на адресата на Саша Поповиќ.

Тие велат дека не можеле ништо да му запленат затоа што работите не биле негови, па морале да си заминат со празни раце.

Пред шет години, додека сè уште бил во брак со Соња Вуксановиќ, Аца Лукас од Поповиќ позајмил половина милион евра, за да купи стан.

Како гаранција, дека парите ќе му бидат вратени, Поповиќ го префрлил пентхаусот на негово име, со клаузула во договорот, дека станот со сите работи кои се наоѓаат внатре, ќе му припаднат на Лукас, оној момент кога тој ќе си ги подмири сите долгови. Но, тоа никогаш не се случило.

Како што пренесуваат медиуми, Лукас на Поповиќ требало да му врати половина милион евра, во период од три години. Пејачот сè уште му должи околу 120.000 евра. Поради тоа, станот и понатаму се води на име на Поповиќ.

Извршителите, според законот, не можеле ништо да запленат, иако постои решение за заплена. Од пијар службата на Поповиќ, засега велат дека нивниот клиент нема намера да зборува на оваа тема.

Менаџерот на Аца Лукас, Сашо Мирковиќ, потврдил дека станот е во сопственот на Поповиќ, но и дека станува збор за заем со камата.

„Да вистина е дека му позајми пари, но со камата. Јас му порачувам на Поповиќ слободно да ги одбие тие 120.000 од каматата и да ми врати 8 милиони и 880 илјади евра. Јас нема да му наплатам камата“, изјавил Мирковиќ, алудираќи на тужбата во висина од 9 милиони евра, која тој ја поднел против продукцијата „Гранд“, чиј законски застапник е Саша Поповиќ.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top