Пејачката Jелена Карлеуша објави фотографија од божиќниот ручек со своите ќерки. Таа рече дека иако е атеист, ја почитува традицијата.
„Иако сум атеист, среќна сум што ги учам децата на традициите на нашиот народ, но исто така и на традициите на Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Црна Гора, Австрија. Затоа што во нас, тече крвта на сите тие народи. Татко ми е Србин, мајка ми Словенка, еден дедо е од Лика, друг од Словенија, една баба од Босна, друга од Косово, прабаба ми е Австријка . Тогаш што сум јас? Јас сум човек. И јас ги сакам и почитувам сите религии и нации . Затоа што кога сè ќе се додаде и одземе, кога има неволја – сите сме исти. Единствената поделба е во нашите глави. Затоа, бидете добри луѓе и научете ги своите деца на вистинските вредности. Тие се подобрата иднина“, напиша Јелена под фотографијата.