Киани Ривс планира да се жени, пишуваат светските медиуми. Глумецот бил виден како купува свршенички прстен во една златара во Лос Анџелес. Тој веќе четири години е во врска со уметничката Александра Грант, пренсе Daily Mail.
Медиумите пишуваат дека Ривс поминал околу 40 минути во златарата, а наводно прстените кои ги разгледувал биле украсени со смарагди, танзанит и други полускапоцени камења.
Тој дошол на мотор во црна јакна, фармерки и кафени чевли. Лежерната комбинација ја комбинирал со сив шал и очила за сонце.
За потсетување Ривс и Александра се во врска од 2018 година, а во јавноста објавија дека се заедно дури година дена подоцна, кога беа видени на црвениот тепих.