(Фото) Ким Кардашјан и Канје Вест заедно гледаа натпревар

(Фото) Ким Кардашјан и Канје Вест заедно гледаа натпревар

пред 3 години

Ким Кардашјан и Канје Вест беа видени заедно на трибините во спортската сала „Таусенд Оакс“, каде што заедно гледаа натпревар. Тие беа со нивната ќерка Норт Вест.

Поранешните сопружници во неколку наврати разговараа и беа добро расположени, но не сакаа премногу да се откриваат пред камерите. Ким овој пат дојде без дечкото, американскиот комичар Пит Дејвидсон.

Иако Канје по разводот јавно кажуваше што мисли за Ким и за другите членови од семејството Кардашјан, двајцата со време одлучија да ги смират односите за доброто на децата.

Тие имаат четири деца – ќерката Норт, синот Саинт, ќерката Чикаго и најмалиот син Псалм. Американската ѕвезда неодамна му го честита на Канје и Денот на татковците.

„Благодарам што си најдобар татко на нашите деца и што ги сакаш само како што ти знаеш. Среќен Ден на татковците“, рече Кардашјан.

За потсетување, Ким неодамна беше цел на критики поради фустанот со кој се појави на „Мет гала“. Таа носеше фустан што претходно го носела само Мерилин Монро во 1962 година кога му ја пеела песната „Среќен роденден“ на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Некои од коментарите беа дека таа не заслужила да го носи фустанот. Порталот Pop Crave на „Твитер“ објави фотографија од фустанот пред да го облече Ким, а потоа беа видливи некои оштетувања.

„Иконскиот фустан на Мерилин Монро наводно го оштетила Ким додека го носела. Се гледаат траги од пукање и неколку кристали, кои недостигаа или висеа“, беа дел од коментарите.

Музејот Ripley’s It or Not, во чија сопственост беше фустанот, не се жалел на оштетувањето.

„Од почетокот на скалите на ‘Мет’, каде што Ким се појави во фустанот, до врвот, каде што беше вратена, фустанот беше во иста состојба како порано“, рекоа од музејот.

Share
Scroll to Top