(Фото) Кралицата Елизабета се почесто во друштво на најмладат внука

(Фото) Кралицата Елизабета се почесто во друштво на најмладат внука

пред 3 години

Британската кралица Елизабета поголемиот дел од времето го поминува во прошетки со внуката на дворот.

Иако има осум внуци, вниманието на медиумите е насочено кон принцовите Вилијам и Хари. Освен нив двајца тука се и Зара Тиндал, Питер Филипс, принцезата Беатрис, принцезата Евгенија, лејди Луиз и Џејмс. Таа иако изјавува дека е многу блиска со сите внуци, се почесто се забележува во друштво на најмладата од нив.

 

„Лејди Луис, ќерката на принцот Едвард и Софија, стана миленик на кралицата, а веднаш по неа е нејзиниот брат Џејмс“ изјавил пријател на кралсткото семејство.
Таа е среќна кога Луис и Џејмс се во Балморал, а особено се зближила со Луиз, која се почесто ја придружува на дневните прошетки..

За  војводката Софи и принцот Едвард, пријателот на семејството вели дека ги замениле Хари и Меган.
Двајцата уште повеќе се вклучиле во кралската хуманитарна работа откако принцот Хари и Меган го напуштија Лондон.Софија е посебно блиска со Кејт Мидлтон.

 

За ќерката, Софи рекла „Таа се труди на училиште и се надеваме дека ќе оди на универзитет. Ние нема да ја присилиме, како ќе сака самата. Таа е многу паметна. Лејди Луиз е многу блиска со кралицата баба и двете ја делат љубовта кон домаќинството“.

Бидејќи тие се ниско на линија на наследство, Луиз и Џејмс не ги користат своите кралски титули – но можеби ќе се одлучат да ги земат кога ќе наполнат 18. години. Нивната мајка рекла дека тоа е малку веројатно.

Share
Scroll to Top