(Фото) Кралицата за 96 роденден доби кукла со нејзиниот лик

пред 4 години

Британската кралица Елизабета во средата го прослави 96 роденден. По тој повод од компанијата „Барби“ ѝ направија кукла со нејзиниот лик. Куклата е опремена со елегантен фустан изработен од слонова коска и сина лента украсена со украси.

Има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба. Розовата лента ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал татко ѝ, кралот Џорџ Шести, а бледо сината ја добила од дедо ѝ Џорџ Петти.

Куклата ќе биде дел од специјалната колекција на „Барби“, којашто почна да се издава лани. Куклата ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.  

По повод роденденот, кралското семејство направи и скромна прослава во селската куќа на имотот во Норфолк во која нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип ги помина поголемиот дел од своите пензионерски денови, пренесе Guardian.

По повод роденденот на кралицата од Royal Windsor Horse Show објавија нејзина нова фотограија на која таа ги држи уздите на два бели пони. Фотографијата за кратко време стана хит.

 

Share
Scroll to Top