Кралицата Летиција присуствуваше на отворање на конгрес во шпанскиот град Мурсија. За овој настан, таа облече црвно-бела комбинција која се чини уште долго ќе ја паметиме.
Во прашање е комбинација од наизглед едноставен топ и пантолони. Романтичен бел топ со пуф ракави во комбинација со црвени пантолони со висок струк украсени со четири големи златни копчиња и цревени лакирани чевли е совршена комбинација која со задоволство би ја носеле во летните денови, на пример негде покрај езеро или море.
Кралицата сепак не престанува да воодушевува со својот стил, а од последното појавување можеме да забележиме дека сепак се откажала од природниот изглед, кога со месеци носеше горделиво понекој сед прамен, односно дека се вратила на својата боја на коса.