(Фото) Кралиците на Шпанија и Холандија елегантни во ист црвен фустан

(Фото) Кралиците на Шпанија и Холандија елегантни во ист црвен фустан

пред 3 години

Шпанската кралица Летиција и холандската кралица Максима редовно се наоѓаат многу високо на листите на најдобро облечени дами од кралските кругови.

Двете кралици секогаш предизвикуваат восхит во модниот свет, а познати се и по тоа што не се плашат од модни експерименти.

Две кралици се појавиле во истиот фустан во црвена боја што го потпишува „Масимо Дути“.

   .

Кралицата Летиција секогаш е во женствени стајлинзи, што ја истакнуваат нејзината вита фигура. За време на отворањето на изложба во Мадрид, била забележана во впечатливиот фустан на Масимо Дути. Со црвениот фустан со долги ракави искомбинирала капут, на Каролина Херера и двобојни лакирани чевли на висока потпетица во истиот тон на црвена боја.

Кралицата Максима, голема љубителка на впечатливи дезени и ведри бои, истиот фустан го носеше во октомври лани, а го искомбинирала со капут во истиот тон на црвена од брендот Оскар де ла Рента и со високи црвени чизми.

Share
Scroll to Top