(Фото) Мадона забега со умот, позираше гола во истата поза како Мерилин Монро кога ја најдоа мртва

пред 3 години

Популарната пејачка Мадона (63) наиде на бројни критики од страна на јавноста, откако како позираше како легендарната актерка Мерилин Монро на смртна постела.

Фотографот Стивен Клајн, кој ја фотографираше пејачката за насловната страница на V Magazine, на една од фотографиите ја рекреира сцената од смртта на актерката која почина на 36-годишна возраст.

На неа може да се забележи како Мадона на кревет со лицето свртено кон душекот, а на ноќната маса се гледаат шишиња со апчиња.

„Поради некоја морбидна и морничава причина, Мадона одлучила да ја пресоздаде смртната постела на Мерлин Монро“, стои во еден од коментарите.

„Уф. Одвратно и несоодветно“, додал друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Додека на други им сметаше претераниот фотошоп.

„Не сум против уредување фотографии, но Мадона не изгледаше вака дури и кога имаше 12 години“, „Кој е ова?“, „Би било убаво да се види како навистина изгледа нејзиното лице“, се само некои од коментарите.

Share
Scroll to Top