Ема Хеминг Вилис, сопругата на Брус Вилис, ја објави првата нивна заедничка фотографија, откако глумецот се повлече од Холивуд, поради болеста афазија. Тие се сликаа во природа и беа во одлично расположение. Ги сликаше нивната ќерка десетгодишната ќерка Мабел Реј Вилис.
„Мама и тато на нивниото омилено место“, рече Ема.
Пријателите ја преплавија со убави коментари и ѝ рекоа дека се одличен пар. Сите им дадоа поддршка во овие тешки моменти за нив и рекоа дека ќе се молат за здравјето на Брус.
За потсетување, легендарниот Брус Вилил по 40 години кариера мораше да се повлече од Холивуд поради здравствени проблеми. Лекарите му дијагностицираа афазија, болест која влијае на неговите когнитивни способности.
Глумецот во 2015 година за време на неговото деби на Бродвеј во филмот „Мизери“ мораше да носи слушалка во уво затоа што го заборавал текстот. Извор близок до него потврди дека во 2019 година тој се мачел за време на снимањето на филмот Glass како и на голем број други проекти.