(Фото) Марија Груевска направи веридба пет месеци откако Синиша ја побара за жена

(Фото) Марија Груевска направи веридба пет месеци откако Синиша ја побара за жена

пред 2 години

Пејачката Марија Груевска, која пред пет месеци откри дека дечкото Синиша ја побарал за жена, сега и официјално направи веридба. Ѕвездата на „Гранд“ и нејзиниот долгогодишен дечко си дадоа збор, а Марија на „Фејсбук“ објави слика од прославата.

dobivaj vesti na viber

Груевска лани во декември го покажа свршеничкиот прстен и се пофали на „Фејсбук“ дека ќе се мажи. „Реков да“, напиша тогаш таа.

За потсетување, Марија го освои жирито на „Ѕвездите на Гранд“ со својот уникатен избор на облекување и интересниот начин на пеење. Еден од нив беше настап со змија, подоцна се појави и во костим со маски за кој добила идеја од венецискиот карневал. Таа носеше и креации од дизајнерот Златко Јовановски, па Карлеуша, која во тоа време беше дел од жирито, често го фалеше нејзиниот моден избор.

Марија неодамна го промовираше спотот за песната „Горим сва“ испеана на српски, во кој покрај неа глуми и нејзиниот свршеник.

(Видео) Марија Груевска, ѕвездата на „Гранд“, го намами на секс-сцени свршеникот Синиша

Share
Scroll to Top