(Фото) Мајката на Илон Маск позира во костим за капење

(Фото) Мајката на Илон Маск позира во костим за капење

пред 2 години

Меј Маск во костим за капење се најде на насловната страница на магазинот Sports Illustrated Swimsuit, кој има култен статус во САД. Мајката на најбогатиот човек во светот Илон Маск, ги крши сите општетсвени предрасуди поврзани со стареењето и она што е дозволено во одредени години. 

dobivaj vesti na viber

74 годишната Меј позираше во едноделен костим за капење со дезен од кранфили и обетки во форма на палми.

„Мојата прва реакција беше дека никогаш не можев да се замислам во такво нешто, бидејќи зошто некој би имал 74-годишна жена на насловната страница, особено во костим за капење“, изјавила Маск.

„Мислам дека ова ќе направи жените во седумдесеттите да се чувствуваат поудобно кога пливаат, како и жените во дваесеттите и триесеттите. Кога жените одат на плажа, ние сме малку срамежливи за нашите тела, додека мажите шетаат наоколу, изгледаат ужасно и не им е грижа“, вели Меј Маск.

Меј порано работела како модел, а денес се занимава со нутриционизам. Таа неодамна се појави на Мет Гала со својот познат син Илон, кој е најбогатиот човек на светот во моментов.

Share
Scroll to Top