(Фото) Меланија во црн костим замина од Вашингтон, а на Флорида слета во весели бои

(Фото) Меланија во црн костим замина од Вашингтон, а на Флорида слета во весели бои

пред 3 години

Меланија и Доналд Трамп завчера пристигнале во Флорида по напуштањето на Белата куќа и Вашингтон. Откако ја напушти Белата куќа во црн костим од Шанел и фустан од Долче и Габана,  поранешната прва дама на САД пристигнала во сончевите краишта во разигран, свилен фустан со мотиви на шестаголник кој што го потпишува модната куќа „Гучи“. Инспирацијата за стајлингот е од 60-тите и 70-тите години на дваесетиот век.

  

Ваков модел на фустан Меланија ретко носи, па на социјалните мрежи се појавија коментари „дека сакала да отвори ново животно поглавје, поразлично од претходното“, а и разни шеги на сметка на поранешната прва дама на САД.

 

 

Share
Scroll to Top