(Фото) Министерката Славјанка Петровска ѝ испрати букет цвеќе на Сузана Спасовска

(Фото) Министерката Славјанка Петровска ѝ испрати букет цвеќе на Сузана Спасовска

пред 2 години

Фолк дивата Сузана Спасовска утрово доби букет цвеќе од министерката за одбрана Славјанка Петровска, која била во публиката на концертот на „Танец“. Воодушевена од тоа како Спасовска ја отпеја безбременската „Зајди, зајди, јасно сонце“, министерката денес и приреди цеќе со посвета, иако двате лично не се познаваат.

dobivaj vesti na viber

„Утрово, кога дојдов на работа, и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време. Цвеќе со посвета, рачно изпишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам, г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек“, вели Спасовска.

Неодамна „Танец“ имаше концерт во чест на Александар Сариесвки и беше еден од најубавите настани во последно време. На Сузна Спасовска и припадна  честа да ја отпее  „Зајди, зајди, јасно сонце“. Песна што, последниве години, многумина пејачи од Балканот се осмелуваат да ја пеат, но тешко им оди. Сузана Спасовска на сцената на НОБ, во придружба на Влатко Стефановски на гитарата, ја отпеја совршено и даде свој печат на безвременската песна.

Емоции и воздишки за славејот од Галачник, „Танец“ му одаде почит на Александар Сариевски кој ги спои генерациите – Reporter.mk

Share
Scroll to Top