(Фото) Мишел го изненади Барак Обама со уметничко дело за Божиќ

(Фото) Мишел го изненади Барак Обама со уметничко дело за Божиќ

пред 3 години

Поранешната прва американска дама, Мишел Обама, го изненади својот сопруг, Барак Обама со божиќен подарок уметничко дело од уметникот Валентин Диксон.

Барак се пофали на социјалните мрежи и ја раскажа приказната која стои зад ова уметничко дело.

„За Божиќ, Мишел ме изненади со цртеж од голф терен, од сјајниот уметник Валентин Диксон. Работата е неверојатна, но приказната уште подобра. Валентино израснал во Бафало, Њујорк и од мал имал развиено страст за цртањето. За жал, кога имаше 21. година, неправедно беше обвинет за дело кое не го извршил и е осуден на минимална казна од 38,5 години затвор“, објасни Барак.

„Повеќе од 20. години престој во затвор, тој тврдел дека е невин. Подоцна тој ѝ се вратил на својата страст, уметноста, благодарение на својот вујко. Ако го вратиш талентот, ќе го вратиш и животот, го советувал вујко му. Иако никогаш Валентино не посетил голф терен, тој користел фотографии од магазинот, за да го наслика истиот овој кој ми го подари Мишел“, раскажал Барак.

„Неговата уметност и неговата приказна го свртеа вниманието на јавноста во 2012 година и тоа поради неуморните адвокати во неговото семејство. Во 2018 година, студенти откриле докази со кои ја докажале неговата невиност. По 27. години, тој беше ослободен. Денес Валентино патува и ја споделува својата приказна и потребите за реформите во системот по криминално право. За среќа за мене и другите, тој продолжи да слика. Горд сум што имам едно од неговите дела“, вели Барак.

 

Share
Scroll to Top