(Фото) Моника Белучи во љубов со Тим Бартон

(Фото) Моника Белучи во љубов со Тим Бартон

пред 2 години






Моника Белучи и Тим Бартон се во љубов. Ова е пар за кој никој не очекуваше дека ќе  бидат заедно. Тим Бартон е култен режисер, познат по малку мрачната иконографија и извртената смисла за хумор, а таа со децении е една од најпосакуваните актерки, симбол на женственоста.
Според објавите од Paris Match, кои објавија нивна фотографија на која рака под рака се шетаат низ Париз има текст кој вели : Ова е судбина. Нивната врска почна во најголема тајност.

Тие првпат се сретнале во Кан уште во 2006 година, но флертот почна лани во октомври на филмскиот фестивал Лумиер во Лион. И двајцата имаа бурни љубовни приказни – Моника Белучи беше во брак со Винсент Касел четиринаесет години, а Тим Бартон имаше долга врска со Хелена Бонам Картер. И двајцата се во добри односи со бившите. Моника секогаш добро зборува за таткото на своите ќерки. Тим пак има две деца со поранешната сопруга Хелен Бонам Картер.





Share
Scroll to Top