(Фото) Најмалото бебе во Македонија родено 665 грама денес замина дома

(Фото) Најмалото бебе во Македонија родено 665 грама денес замина дома

пред 3 години

Најмалото бебе кое годинава се роди во Македонија, Бехра, денес си замина во својот дом во велешкото село. Бехра кога се роди имаше само 665 грама и беше висока 30 сантиметри.

„Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“, напиша Венко Филипче кој ја сподели веста.

„Бехра е родена на 8 октомври, предвремено во 29 гестациска недела. Мајката, која е прворотка, беше хоспитализирана три дена пред да се породи со неа. Таа беше подложна на предродилен мониторинг и третман. Бременоста ѝ беше оптоварена со повеќе ризици, вклучувајќи го слабиот раст и развој на фетусот, односно на плодот во утробата на мајката“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Тие додаваат дека бебето е родено како високоризичен пациент. Во текот на престојот, Бехра имала комплексен третман, а поради проблеми со дишењето била и на механичка вентилација.

Share
Scroll to Top