(Фото) Никогаш не ги кријам, напротив се гордеам со нив, Јелена Карлешуа ги покажа лузните и откри како ги добила

(Фото) Никогаш не ги кријам, напротив се гордеам со нив, Јелена Карлешуа ги покажа лузните и откри како ги добила

пред 3 години

Српската пејачка Јелена Карлеуша објави фотографија во необичен аутфит на која можеше да се забележи лузната на нејзиниот стомак. Таа беше облечена во зелен комбинезон и рече дека никогаш не ги криела лузните на своето тело туку напротив таа се гордее со нив.

Карлеуша рече дека лузната ја добила како последица на царки рез. Рече дека имала три такви лузни. Две ги добила по пораѓањето, а третата по отстранувањето на бениген тумор.

„Да, знам дека можете да го видите мојот царски рез. Не еден, туку три. Два по пораѓањето и еден настана по остранувањето на мојот тумор. Не ми пречи да имам повеќе лузни. Никогаш не ги кријам. Напротив се гордеам со нив. Лузните на телото и душата нè прават она што сме. Единствени“, рече Карлеуша.

Под фотографитие таа доби бројни коментари со поддршка од фановите.

„Секоја чест. Таа лузна те прави уште поубава. Браво мајко, кралице, лавице. Две лузни се прекрасни затоа што ги симболизираат твоите ќерки“, ѝ напишаа обожавателите.

Share
Scroll to Top