Пејачот Ѓоко Јовиќ за Ѓурѓовден, објави фотографија од нивата на која почнал да работи во неговото Валандово. Вели дека сега почнал да продава патлиџани иако предходно се пожали дека од музика не се живее. Пандемијата со коронавирусот ги остави музичарите без свирки, па сега секој се снаоѓа како може и умее. Претходно сопругата на Ѓоко објави видео од него и се пофали дека почнал да чува овци. Таа се пошегува и напиша дека одлично му оди со бизнисот во сточарството.
Вчера му беше именден на Јовиќ, фановите му честитаа и му посакаа среќа во земјоделството и продажбата на домати. 
(Видео) Пејачот Ѓоко Јовиќ стана овчар оти нема пари од музиката






