(Фото) Расел Кроу заљубен во 26 години помлада девојка

(Фото) Расел Кроу заљубен во 26 години помлада девојка

пред 3 години

скаровецот Расел Кроу (56) е заљубен во 30-годишната Бритни Териот, тврдат австралиските медиуми. Тие објавија папарацо слики на кои глумецот и 26 години помладата девојка играат тенис, а тој потоа ја гушка и бакнува.

Ова е прва девојка со која е сликан Кроу, откако пред 8 години се разведе од сопругата Даниел Спенсер. Оттогаш тој го чува приватниот живот подалеку од медиумите и јавноста.

Австралискиот актер последните години целосно се посвети на работата и сними неколку успешни филмови, а се здебели и повеќе од 30 килограми, па многумина во него веќче не го препознаваат заводникот од времето кога глумеше во „Гладијатор“.

Инаку, Кроу во 2012 година се разведе од сопругата Даниел Спенсер, со која има два сина тинејџери. Тој неколку пати изјави дека со неа и понатаму одржува пријателски однос. Тој вели дека пример за ова земал од неговите родители кои по разводот продолжиле да живеат како едно големо, пошироко семејство со новите партнери и да си помагаат едни на други во сè.

Share
Scroll to Top