(Фото) Русите со доказ дека Хитлер се самоубил и не побегнал во Јужна Америка по војната

(Фото) Русите со доказ дека Хитлер се самоубил и не побегнал во Јужна Америка по војната

пред 3 години

Елизабета Пескова, ќерка на портпаролот на Кремљ, на својот „Инстаграм“ објави слики од делови од вилицата на Адолф Хитлер и ги демантира теоретичарите на заговор, кои тврдеа дека диктаторот пребегал во Јужна Америка, каде што доживеал длабока старост и умрел од природна смрт.

Пескова ги објави документите и слики од остатоците од вилиците на Хитлер и Ева Браун, кои со децении се чуваат во магацин во тајната архива на Руската федерална служба за безбедност.

Таа покрај сликите напиша дека нејзиниот пријател и голем љубител на историјата, Пјер Малиновски, побарал да ги види остатоците затоа што не сите се убедени дека Хитлер се самоубил во 1945 година.

„Верувале или не, но благодарение на ДНК-анализите, што ги направи францускиот антрополог Шарлије во 2018 година, потврдено е дека овие остатоци што се наоѓаат од архивите на Федералната служба за безбедност навистина им припаѓале на Хитлер и Ева Браун“, напиша Пескова.

Share
Scroll to Top