(Фото) Руските научници први објавија фотографија од британскиот вид на коронавирусот

(Фото) Руските научници први објавија фотографија од британскиот вид на коронавирусот

пред 3 години

Научниците од Роспотребнадзор, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска фотографија од британската варијанта на коронавирусот.

„Државниот истражувачки центар за вектори стана првиот во светот што го фотографира новиот вид на британски коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографијата на вирусот, под микроскоп, е направена за време на тековните истражувања за новата варијанта на коронавирус, вклучувајќи ги структурните карактеристики и нивниот израз во клеточните култури и експериментални модели, со употреба на лабораториски животни“, се вели во соопштението.

Руските научници исто така тврдат дека развиле PCR-тестови што можат да ја детектираат новата варијанта.

„Мутациите што се карактеристични за британскиот вид на коронавирус не влијаат на ефикасноста на вакцината EpiVacCorona, којашто содржи пептидни антигени кои спаѓаат во зачуваните делови на вирусниот протеин и не се засегнати од промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението на Роспотребнадзор.

  

Share
Scroll to Top