(Фото) Салма Хајек ѝ се придружи на Лејди Гага на снимањето на филмот за Гучи

(Фото) Салма Хајек ѝ се придружи на Лејди Гага на снимањето на филмот за Гучи

пред 4 години

Холивудската sвезда Салма Хајек се приклучи на снимањето на филмот за Гучи, во режија на Ридли Скот, во кој играат поп-sвездата Лејди Гага и актерот Адам Драјвер. Хајек ќе го толкува ликот на Пина Ауриема, најдобрата пријателка на Патриша Реагани, вдовицата на Гучи, а која во филмот ја глуми Гага.

Пина е жената која ѝ помогнала на Патриша да го организира убиството на нејзиниот сопруг.

Патриша Регани, позната во Италија како Лејди Гучи, е во затвор од 1998 година, откако беше прогласена за виновна за нарачаното убиство. Таа му платила на убиец околу 300.000 евра за да го убие нејзиниот поранешен сопруг Маурицио Гучи, мултимилионер, сопственик на модната империја „Гучи“.

Режисер на филмот е Ридли Скот, а во него ќе играат и Роберт ДеНиро, Џеред Лето и Ал Пачино.

Share
Scroll to Top