(Фото) Се ожени синот на Силвио Берлускони

(Фото) Се ожени синот на Силвио Берлускони

пред 3 години

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, го ожени својот син, Луиџи, пренесуваат светските медиуми. Во јавноста сега излегоа и фотографии од свадбата на Луиџи со неговата долгогодишна девојка Федерика Фумагали.

Венчавката се одржала во Милано и биле испочитувани сите мерки за заштита од коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми. Свеченоста се случила на почетокот на овој месец, а дури сега во јавноста се појавија фотографии од свадбената церемонија.

На фотографиите пред црквата во Милано, не можеше да се забележи Силвио, кој во септември соопшти дека е позитивен на коронавирус. Пред свадбата тој ги чекал резултатите од вториот тест, па затоа ја пропуштил венчавката, откриваат извори блиски до семејството на Берлускони.

World Today news пренесува дека опцијата Берлускони да се појави на свечената вечера во градот Макерио, била отворена се до денот на венчавката.

Поранешниот политичар и медиумски могул, не е единствениот кој се борел со Ковид-19 во неговото семејство. Претходно и неговиот син го прележа ковидот, а минатиот месец и неговите сестри Марина и Барбара.

Силвио Берлускони го доби Луиџи со неговата поранешна сопруга Вроника Ларио, со која ги има и ќерките Барбара и Еленора. Во бракот со Карла Елвира Лучија ги доби ќерката Марина и синот Пјер. Сега Силвио е оженет со Марта Фастина.

 

Share
Scroll to Top