Поп ѕвездата Мадона рече дека ја дели облеката со 16 годишниот син Дејвид Банда и дека во нејзините фустани тој изгледа многу подобро од неа.
„Може да го облече кој било фустан од мене и да изгледа елегантно. Тоа ме иритира, но, така е. Тој ја носи мојата облека и изгледа подобро во неа. Дури и во фустаните изгледа мажествено“, рече Мадона во шоуто на Џими Фалон The Tonight Show.
За потсетување. Мадона го посвои Дејвид од дом за деца без родители во Малави.