(Фото) „Сите прележавме ковид пред роденденот“- Перо Камиказа наполни 60 години

(Фото) „Сите прележавме ковид пред роденденот“- Перо Камиказа наполни 60 години

пред 3 години

Петар Георгивски-Камиказа, основач на легендарната група „Меморија”, вчера славеше роденден. Тамам пред роденеднот, ни раскажа тој, цела фамилија прележале Ковид-19, па така за 60-тиот јубилеен, забавата била дома.

„Роденднот помина со торта и само со домашните, оти сте до пред некој ден прележавме корона. Искрено, оваа  година ќе му ја посветам на здравјето, а и на пишување книги. Во втората поливина можеби  и некоја трка сакам да истрчам, ако испадне , ама поради ситуацијава,веќе ништо не планирам’, ни раскажа Петар Камиказа за Репортер.мк

Вели дека и пандемијата не ја поминал без план, па така времето го искористил за читање книги, малку одмор , глдање филмови и секско многу возење точак.

“Најмногу од се времето го минав на точак и не само што ги извозев со точак сите села, искрено ги научив сите села околу Скопје“, раскажа Петар Георгивски-Камиказа.

За потсетување, основачот на култната Меморија, актер, е и моторџија по страст (со минати десетици илјади километри од Норвешка до Кападокија) и животно пасиониран спортист , со медали од младоста, но и сериозен куп на истрчани маратони низ светот – од Скопскиот до најголемиот во Њујорк.

А.Георгиев

 

Share
Scroll to Top