(Фото) Скроз гола Софија Вергара: „Изгледаш како божица“

пред 4 години

Актерката Софија Вергара на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира гола, а за помалку од 24 часа заработи скоро 800.000 лајкови и многу комплименти од нејзините обожаватели.

Тоа е всушност постара фотографија направена за време на едно снимање и ова не е прв пат Софија да објавува фотографии од минатото за да потсети на некои настани.

Таа со своите следбеници често споделува фотографии од снимање во минатото, најчесто оние од 90-тите години на минатиот век, а нејзините обожаватели и кажуваат дека и денес, кога има 48 години, изгледа исто толку заносно.

„Изгледаш како божица“, ја пофали еден коментатор.

„Убава фотографија, изгледаш совршено“, се согласија другите.

Софија неодамна е прогласена за најплатена актерка во светот од страна на магазинот Форбс, а било објавено и дека заработила неверојатни 40 милиони долари во последните 12 месеци.

Share
Scroll to Top