Елена Ристеска денеска наполни 36 години. Со кафе коктел на плажа уживаше роденденски, а кажа и дека добила куп честитки од колегите и блиските.

„Ви благодарам на сите за роденденските честитки, 36 години и не е така лошо, нели? Ако знаеш како да уживаш во секоја од нив. А денес посебно уживам читајќи ги вашите убави пораки. Cheers!“, напиша Елена.
Лани пејачката роденденот го прослави со журка во двор со нејзините другарки кога на подарок доби грамофон.












