(Фото) Со опинци на нозете Панчо си замина во селото Белештевица

(Фото) Со опинци на нозете Панчо си замина во селото Белештевица

пред 4 години

Панчо од ДНК облече  опинци и народна носија и си замина од Скопје. Барем така вели за „Репортер“, а патот го однел во едно од македонските села, каде што вели ќе го најде мирот.

На прашањето каде тргнал со опинците на нозе вели: „ Во сетото Белештевица. Си одам од тука. Ги вложив последните пари во добиток, грло кози и овци и си одам. Веќе нема добри луѓе во градот и затоа решив да се преселам на селото“, раскажа Пачно за Репортер.

Селото Белештевица се наоѓа во западниот дел на територијата на Велес , односно сместено е на севрозападната падина на ридот Гроот, чиј атар се допира до десниот брег на реката Вардар. Селото е рамничарско.

„Во селата е душевниот мир и добрите луѓе. Со напорна и чесна работа таму се и парите. Градот стана место на изопачени вредности со луѓе полни завист и омраза.
Градот полека изумира“, додава Панчо.

Панчо неретко го споделува своето мислење во јавноста. Особено во време на пандемијата, како и сите музичари, така и тој задно со Андреј, се засегнати од ситуацијата, оти музичарите цела година немаат настапи. Но, тој повторно изненади со својот хуманитерен гест.

Кога пред неполн месец Панчо и Андреј од ДНК почнаа своите албуми да ги продаваат и да ги носат на врата, лично, не најавија дека ова е хуманитарна акција.

Подоцна  објавија дека парите кои ги собрале од 200 продадени албуми се наментети за една  самохрана мајка со два сина, Тино и Тео, кои го изгубија својот татко како последица од короната.

 

Парите од албумите кои ги носеа лично на врата ДНК ги донираа за Тино и Тео кои останаа без татко

 

 

Share
Scroll to Top