Група украински хакери под името Cyber Resistance провалиле во мејловите на рускиот полковник Сергеј Атрошченко. Таму откриле негови лични податоци и воени тајни. Меѓународниот кривичен суд тоа го потврди пишува Vice, и треба да се направи истрага.
Хакираните податоци од компјутерот на рускиот полковник доведоа до сериозен сомнеж дека Атрошченко е воен злосторник и е одговорен за нападот на театар полн со цивили во Мариопол во март 2022 година.
Украинските хакери тврдат дека успеале да ја измамат неговата сопруга да организира таканаречено патриотско фотографирање, со сопругите на уште 12 други руски офицери, нешто што подоцна помогнало во идентификацијата на војниците.
Хакерите своите откритија од компјутерот на рускиот полковник го објавиле на нивниот канал на „Телеграм“ во соработка со украинска известувачка група Inform Napalm. Полковникот Атрошченко е командант на една авијација стационирана во Мариопол.
Меѓу хакираните податоци се наоѓаат и бројни копии од владини документи. Хакерите исто така успеале да влезат во воените сметки и да пронајдат информации за неговите потчинети, движењето на трупите и документи врзани со руската воена опрема.
Ја убедиле и неговата сопругата да организира фотографирање на авионската патека на базата со сопругите на другите офицери. Тие позирале во свечените униформи на нивните сопрузи.
„Ова овозможи да се соберат дополнителни податоци за авионите кои се корисни за понатамошно извидување на OSINT“, рекоа од Inform Napalm. Хакираните фотографии можете да се видат на страницата на хакерската организација Cybershafarat.
Полковникот Строшченко наводно одиграл важна улога во бомбардирањето на цивилните цели во Мариопол минатиот март. Таму руските сили бомбардираа, меѓу останатото и театар, детска болница и уметничко школо, каде граѓаните се засолнувале од бомбардирањето.
„Амнести интернешнл“ нападите ги нарече воени злосторства, и побара истрага од Меѓународниот кривичен суд. Хакерите им ги имаа предадено доказите.
„Знаеме и дека во тек се подготовките на оваа публикација која се однесува на Атрошченко и неговите потчинети и се доставени за спроведување од страна на Меѓународниот кривичен суд“, наведува Inform Napalm.
Меѓу другото, хакерите пронашле и објавиле фотографии од сопругата на Атрошенко во провокативни секси пози кои таа му ги испратила. Ги објавија само оние, велат, во кои сè уште имала облека на себе.