Андреја, поголемиот син на Панчо од ДНК славеше роденденен. Роденденеска торта за синот и честитка дека иако полни 10 години, за него се уште е неговото бебе, познтиот диџеј и музичар, објави роденденска фотографија.
„ Андреја во саботата си го прослави со другарите, се разбира на дека на отворено. Играа фудбал и после беа на летниковец, јадеа, пиеа сокче и дуваа торта. А вчера пак, дома, си гледавме фудбал Наполи-Аталанта ( батко му Елмас ) па филм и во кревет“, раскажува Панчо за „Репортер“ како минала пролавата на синот.
На прашањето што наследил синот: “Па син ми тренира фудбал во Форца, а друго не гледам дека наследил од мене. Се уште не покажува никакви музички или диџејски афинитети. Школото му оде супер тоа не е на мене гарант“, вели диџеј Панчо. (А.Г.)