Хрватскиот тенисер Бернард Томиќ, кој подолго време живее во Австралија, постојано го привлекува вниманието на јавноста. Некогаш големиот тениски талент тренингот и турнирите ги замени со фотографирање со девојката Ванеса Сиера, порноглумица. Фотографиите биле прилично експлицитни, што предизвика реакции во јавноста.