(Фото) Ѕвездите на „Твин Пикс“ се собраа по 30 години: Конечно заедно со старите пријатели

(Фото) Ѕвездите на „Твин Пикс“ се собраа по 30 години: Конечно заедно со старите пријатели

пред 2 години

Неколку членови од актерската екипа на „Твин Пикс“ се собраа викендов по 30 години. Скоро сите ја објавија заедничката слика на Инстаграм, па велат пријателството никогаш не им прекинало, а тие се конечно заедно.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа Кајл Меклахлан (кој го играше специјалниот агент на ФБИ Дејл Купер), Шерил Ли (Лора Палмер), Шерилин Фен (која ја играше Одри Хорн), Медхен Амик (Шели Џонсон), Дејна Ешбрук (Боби Бригс) и Кими Робертсон (Луси Моран).

Екипата се прослави на почетокот на 1990тите години со мистериозната серија на „Еј-би-си“, која ја создадоа Марк Фрост и Дејвид Линч. Серијата првично имаше само две сезони. Првата се прикажуваше од април до мај 1990 година и имаше само осум епизоди. Втората сезона доби 22 епизоди и траеше до јуни 1991 година. Во август 1992 година беше објавен и филмот Fire Walk With Me, кој ги опишуваше настаните пред убиството на Лора Палмер и доаѓањето на агентот Дејл Купер во мистериозниот град..

„Твин Пикс“ повторно оживеа во мај 2017 година, кога „Шоутајм“ нарача сезона од 18 епизоди, но во серијата глумеа само неколку од оригиналните членови на актерската екипа. Серијата никогаш не го доживеа успехот на оригиналната, по што престана да се снима.

Share
Scroll to Top