(Фото) Јелена Јованова избега на море за да се спрема за новата улога

(Фото) Јелена Јованова избега на море за да се спрема за новата улога

пред 4 години

Актерката Јелена Јованова – Периќ е на летување на островот Угљан во Хрватска. Таа е заедно со сопругот Стјепан и синот Јаков. Јелена сподели фотографија на својот Инстаграм профил дека одморот го користи работно, додека го чита новото сценарио, за кое и предходно најави на стори, дека се подготвува за нешто ново.

„Совршено бегство“, напиша таа во објавата.

Актерката пред неполни шест години се омажи за хрватскиот глумец  Стјепан Периќ и оттогаш е во постојана релација Македонија-Хрватска. Лани се роди синот Јаков, со кого за време на бременоста имаше стресни ситуации додека беа земјотресите во Хрватска, а потоа и објавуваше статуси на социјалните мрежи.

Домашната публика ја засака како рецепционерката Јелена од Драчево од хит серијата „Преспав“