Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, ја избра премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за една од најмоќните жени на светот. Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографии од неколку жени политичарки и активистки, за да им оддаде почит како на жени што го менуваат светот.
„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние отпорни на промени, промените секако се случуваат. Да ги зајакнеме жените и да го смениме светот“, беше пораката на Џенифер Анистон.
На листата на Анистон, меѓу другите се најдоа и германската канцеларка Ангела Меркел, норвешката премиерка Ерна Солберг, шкотската премиерка Николе Старџен, претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Анистон на листата ги стави и Камала Харис, новата потпретседателка на САД, Мишел Обама, но и младата активистка Грета Турнберг