Фолк-пејачката Џесика Палашоска се потсети на гламурот на холивудските ѕвезди од ’20-те и ’30-те години во новата фотка што ја објави на „Инстаграм“. Таа и сега го привлече вниманието на фановите кои ѝ коментираа дека наликува на вистинска глумица од златното време на Холивуд, кога се снимаа црно-бели филмови.
„Секси и со вкус, баш како што треба“, ѝ напишаа.
Пејачката подолго време ја нема на музичката сцена. Откако почна пандемијата, исто како повеќето музичари и таа нема настапи и турнеи. Неодамна Џесика изјави дека едвај чека работите да се вратат во нормала и да почне да пее пред публика.