Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос (59) со познатата новинарка и негова свршеница Лорен Санчез (53), неодамна беа снимени во Италија, каде крстареа со јахтата од 500 милиони долари.
Папараците кои дознаа за нивниот престој во Италија, дознаа каде се и ги снимија кога мислеа дека никој не ги гледа. Магазинот Page Six ги објави фотографиите на кои Безос страсно ја љуби Лорен.
„Убаво, ама дајте им малку приватност на луѓето. Оставете ги да уживаат“, биле само дел од коментарите на фановите. Се чини дека летниот одмор на основачот на „Амазон“ и новинарката во Италија ќе им остане запаметен како еден од најдобрите, пренесоа медиумите.