Франција почна да ги казнува инфлуенсерите: нема веќе филтри за разубавување и скриени реклами

Франција почна да ги казнува инфлуенсерите: нема веќе филтри за разубавување и скриени реклами

пред 1 година

Ако стават филтер на фотографијата за да изгледаат како Бамби, тогаш мора да пишуваат така. Ако некој им платил да промовираат чудотворна крема против брчки, мора така да напишат. Во спротивно им се заканува казна од 300.000 евра. Франција има нов закон за инфлуенсери. Тие  повеќе не можат да рекламираат пластична хирургија, да споделуваат совети за купување криптовалути, нема повеќе ни обложување, а ниту пластична хирургија.

Отсега и инфлуенсерите мора да работат според законот . Нема повеќе опис со сликата, вака се разбудив утрово, ако таа слика е помината на филтри за разубавување.  Ако некој им платил да кажат: „оваа крема го спречува стареењето“, ќе мора да им кажат на следбениците, во спротивно ќе бидат казнети

Французите веќе казниле една ријалити ѕвезда, таа платила казна од 20.000 евра, за промоција на Биткоин. Немаше индикации дека се работи за платен оглас. И да. Експертите веруваат дека повеќе им веруваме на познатите лица од Инстаграм, отколку на обичните рекламите, така што инфлуенсерите станаа најбрзо растечка форма на онлајн маркетинг.

И тоа понекогаш може да биде опасно, велат експертите. Се промовира се и сешто, од таблети кој спречуваат рак или опаѓање на косата. 

Доколку законот помине, Франција ќе биде првата земја со вакви контроли на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top