Француско семејство се фрли од седми кат во Швајцарија, истрагата заклучи дека било под силно влијание на теории на заговор

Француско семејство се фрли од седми кат во Швајцарија, истрагата заклучи дека било под силно влијание на теории на заговор

пред 2 години

Маж неговата сопруга и сестр ѝ близначка, заедно со нивните деца, 15 годишниот син и осумгодишната ќерка, се фрлиле од седми кат во Швајцарија. Семејството кое од пред две години се преселиле од Франција во Швајцарија, не покажувало знаци дека сакаат да се самоубијат, покажала истрагата.

Полицијата ја исклучила можноста дека имало некаква надворешна интервенција и утврдиле дека сите биле под силно влијание на теории на заговор. Трагедијата се случи на 24 март 2022 во Монтро. Единствен кој преживеал е момчето, кое долго време било во кома со сериозни повреди.

Надлежните велат дека не се сеќава на ништо од несреќата. По една година властите кажаа дека мајката и сестра ѝ биле длабоко навлезени во теории на заговор, а полицијата во станот пронашла многу храна, лекови и хигиенски материјали, внимателно складирани и организирани.

Ретко излегувале надвор, а децата се образувале дома.

„Двете жени биле длабоко сомничави кон владата и локалните власти и ги убедиле децата дека светот е непријателско место“, рекоа истражителите.

При претрагата на станот биле пронајдени докази дека колективното самоубиство било грижливо планирано и дури вежбано. Се верува дека тие ја забрзале одлуката за самоубиство откако локалната полиција дошла да ја провери добросостојбата на децата.

Share
Scroll to Top