Фрањо Ласиќ стана татко на 66 години

Фрањо Ласиќ стана татко на 66 години

пред 3 години

Хрватскиот глумец и пејач, Фрањо Ласиќ (66), и неговата 30 години помлада сопруга, Милена, станаа родители. Милена, која е уметница од Белград, на 29 ноември роди син, нивното прво бебе.

„Синот се роди пред два дена и јас и Фрањо сме пресреќни. Уште размислуваме помеѓу две имиња, но ќе решиме набргу“, рекла Милена за „Глорија.хр“.

Фрањо и Милена се во брак од 2015 година, а претходно беа во врска три години. Ласиќ, поради сопругата, живее на релација Хрватска-Србија, а во последно време се занимава и со хуманитарна работа.

Инаку, ова е четврти брак за познатиот музичар. Тој претходно беше во брак со Маја Никшиќ, со која го доби синот Јанко, потоа со белграѓанката Лилјана, со која се разведе по три недели. Со словенечката манекенка Жива Ступник се венча во 1993 година и со неа има син и ќерка.

 

 

Share
Scroll to Top