Фронтменот на „Металика“, Џејмс Хетфилд, се разведе по 25 години брак

Фронтменот на „Металика“, Џејмс Хетфилд, се разведе по 25 години брак

пред 2 години

Џејмс Хетфилд, фронтменот на групата „Металика“, се разведува од сопругата  Франческа со која беа во брак 25 години. Постапката за развод почнала изминатава година кога, Џејмс поднел барање за развод во Колорадо.

Франческа Томаси и Џејмс Хетфилд се запознале додека таа ги дизајнирала костимите за концертите на бендот. По петгодишна врска се венчаа во 1997 година. Од бракот имаат три деца на возраст до 20, 22 и 24 години.

Хетфилд во минатото често ја истакнувал важноста на Франческа во неговиот живот, особено зашто му помогнала да ги надмине зависноста од алкохол и проблемите со гневот.

Share
Scroll to Top