Откако репрезентацијата на Јужна Кореја се пласираше во 1/8 финалето на Светското првенство во Катар, фудбалерот Чо Гу Сунг, добил илјадници пораки со понуди за брак. Тој станал толку популарен што морал да го исклучи мобилниот за да не му досаѓаат. Неговата бројка на фанови стигнала 1,6 милиони.
„Мораше малку да се одмори. Мобилниот му вибрираше цела ноќ и не можеше да заспие. Мора да се концентрира на фудбалот, а пораките само му пристигнуваа“, рече корејскиот новинар Сео Јунг хван за Athletic.
Причината поради која Сунг стана популарен преку ноќ, се двата гола кои им ги даде на Гана. Исто така за голем број Корејки изгледа убаво. Пред почетокот на турнирот на „Инстаграм“ имал 20.000 пријатели. Сега има 1,7 милиони.
„Фала ти за головите, а сега одговори на моето прашање, дали сакаш да се ожениш за мене“, го прашувале голем број девојки. Во земјата, најпопуларни пребарувања биле „Какви жени сака Чо“. „Чо љубовен статус“, „Дали Чо е оженет“, пренесоа светските медиуми.