Фустани кои совршено ѝ прилегаат на секоја дама

Фустани кои совршено ѝ прилегаат на секоја дама

пред 3 години

Во гардероберот на секоја жена со стил, мора да се најдат овие три модели. Кај нив нема грешки, на сите им стојат одлично, и се вистинското решение за оние денови кога немате инспирација каков стајлинг да искомбинирате.

Тесен фустани

Овде нема дилема – тесните фустани со прерамки совршено ќе ја истакнат вашата фигура. Задолжително надополнете го целиот стајлинг со чевли со високи потпетици.

Преклопен фустан

Преклопениот фустан е идеален доколку сакате да го скриете вишокот на стомакот или едноставно да ја нагласите половината. Овој модел совршено им прилега на сите жени, без оглед на нивната градба.

Кошула фустан

Во овој модел, не само што ќе изгледате одлично, туку и ќе ви биде удобно. Во последно време, овој крој стана доста популарен, па сите водечки модни куќи го вклучија во своите колекции. Ако сакате, овој фустан можете да го носите со патики, моторџиски чизми или чевли со потпетици. Тоа одговара на сè.

Share
Scroll to Top