Хали Бери и Марк Волберг во новиот шпионски трилер на „Нетфликс“

Хали Бери и Марк Волберг во новиот шпионски трилер на „Нетфликс“

пред 4 години

 

Холивудската актерка Хали Бери ќе глуми во филмот „Нашиот човек од Њу Џерси“ заедно со актерот Марк Волберг. Имено, 54- годишната актерка се приклучила на екипата на претстојниот шпионски трилер на стриминг платформата „Netflix“.

Бери ќе биде во главна улога со Марк Волберг, кој исто така се потпишува и како продуцент, заедно со неговиот долгогодишен соработник Стеф Левинсон.

Како што пишуваат странските медиуми засега нема официјална информација кој ќе биде режисер на филмот, но истиот е планиран да се снима во Лондон на почетокот на 2022 година.

Деталите за нарацијата засега се чуваат во тајност, но претстојниот блокбастер е опишан како шпионски филм на франшизата „Џејмс Бонд“.

Ова не е прв проект на „Нетфликс“ со Бери, бидејќи компанијата неодама го купи нејзиното режисерско деби „Brused“,  чија премиера се очекува да биде подоцна оваа година.

 

Share
Scroll to Top