Хилари Свонк на 49 години бремена со близнаци

Хилари Свонк на 49 години бремена со близнаци

пред 4 години

Оскаровката Хилари Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци. 49-годишната актерка ја сподели веста во емисијата „Добро утро Америка“ и не ја криеше возбудата.

dobivaj vesti na viber

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе бидам мајка. На свет ќе дојдат две деца, не ми се верува. Се чувствувам одлично во моментов, едноставно облеката ми е тесна. Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“, рече Хилари.

Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.

„Тоа беше сон, да се омажам за човекот од соништата покрај сите луѓе кои нѐ сакаат. Тоа беше остварување на сонот“, изјави тогаш оскаровката.

Share
Scroll to Top