Хокеарките на Русија и Канада играа со маски на Олимписките игри

Хокеарките на Русија и Канада играа со маски на Олимписките игри

пред 3 години

Натпреварот од третото коло на турнирот во Хокеј за жени на Зимските олимписки игри во Пекинг помеѓу Канада и Рускиот олимписки комитет (РОК) беше одложен на еден час, по што хокеарките се вратија на мразот си маски поради сигурносни причини.

Во комуникацијата со хокеарските федерации од МОК не кажале што точно се мисли под „сигурносни причини“, но канадските медиуми информирале дека РОК на Канада им ги немало доставено резултатите од тестовите на Ковид-19.

Шест членови на репрезентацијата на Русија биле во изолација претходната недела бидејќи биле позитивни на вирусот.

„Денеска се доцнеше со почетокот на натпреварот. По разговорот со двете екипи, се сложија натпреварот да почне така што сите хокеарки ќе носат маски“, изјавил портпаролот на МОК.

Пред почетокот на мечот, канадските репрезентативки не се појавиле на мразот во спортскиот центар Вукесонг, додека руските хокеарки започнале да се загреваат. По пауза од еден час двете екипи се вратиле на теренот со маски на лицата. Сепак руските хокеарки ги соблекле маските во последната третина, додека Канаѓанките продолжиле да ја носат нивната заштита.

Share
Scroll to Top